ВИДЕО | Лавица побегна од берлинската Зоолошка, човек ја сними како се шета надвор од градот

Лавица Берлин Зоо/ Фото: John MACDOUGALL / AFP / Profimedia

На жителите на населба во близина на Берлин им било кажано да останат дома додека властите трагаат по лавица која побегнала од Зоолошката градина, пишува „Дојче веле“.

„Избегано, опасно животно“, за кое постои сомневање дека е побегнатата голема мачка, наводно било забележано синоќа во регионот на Потсдам на работ на германскиот главен град, соопшти полицијата.

Властите користат хеликоптери за да го следат она што тие веруваат дека е лавица и ги повикаа жителите да останат внатре во своите домови, објави јавниот радиодифузен сервис „РББ“.

Полицијата соопшти дека во акцијата за пронаоѓање на животното учествуваат и ветеринарни специјалисти и ловџии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот