ВИДЕО | Лана Дел Реј „уловена“ како работи во ресторан, им прави кафе на гостите

Фото: Принтскрин/ Твитер/ Инстаграм

Деновиве пејачката Лана Дел Реј беше забележана како работи во американски ресторан, а изгледа дека и познатиот водител Дејвид Летерман добил нова работа.

На фотографијата објавена на Фејсбук, може да се забележи дека поранешниот водител на „Late Night with David Letterman“, застанал во маркет за храна во Ајова, како носи престилка и ознака со име на фотографија и работи меѓу рафтовите.

Летерман објави видео на својот Инстаграм профил, каде се гледа како му кажува на менаџерот на продавницата дека „поминал значителен дел од својот живот во маркет во Индијанаполис, и дека таа била последна од уникатните продавници за храна во независна сопственост која му се допаднала“.

Фото: Instagram/ letterman
Фото: Instagram/ letterman

„И ако можам да и вратам нешто на маркетиншката заедница, би сакал да го сторам тоа – но, се разбира, немам цел ден“, се пошегувл водителот, кој е снимен како ги проминува патеките на маркетот, ги пакува намирниците, јаде супа и гласно им кажува на клиентите дека „само денес и денес“ целерот е бесплатен.

Фото: Принтскрин/ Твитер
Фото; Принтскрин/ Твитер

Слично како Летерман, пејачката Лана Дел Реј ги остави обожавателите збунети, откако беше забележана како работи во локал за вафли во Фиренца, Алабама. На фотографиите и видеата кои кружат на социјалните мрежи, пејачката е снимена на шалтерот на „Вафл хаус“, како прави кафе во униформа, додека носи ознака со името Лана.

ФОТО | Лана Дел Реј денес е непрепознатлива: Ја сменија килограмите и лошите естетски корекции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот