ВИДЕО: Кожув беше одличен, но не издржа до крај, МЗТ го освои трофејот во Суперкупот
Екипата на МЗТ Скопје во драматичен натпревар во СРЦ „Кале“ славеше победа (71-65) над Кожув кој прикажа одлична игра и не само што се држеше се до последните моменти, туку во голем дел од средбата имаа и водство.
Препорачано
Тензијата започнаа уште пред кошаркарите да излезат на паркетот бидејќи навивачката група на тимот од Гевгелија реагираше со соопштение откако биле вратени за Гевгелија и не им било дозволено да присуствуваат на финалето во Скопје.
Победникот буквално се решавааше во последната минута кога МЗТ ја направи клучната разлика, а пресуди веројатно и искуството во редовите на шампионнот од првенството. Последната минута донесе многу прекини во кој Кожув некако се обидуваше да се врати, меѓутоа аеродромци не дозволија такво нешто.
Наједикасен во победничкиот сосав беа Гил со 16, додека Војдан Стојановск и МекКааден уфрлија по 13. На спротивната страна не беа доволни 21 поен на Парвис.
Претходно денеска во женското финале победата ја однесе екипата на Баскет Кам.
За Кожув ова беше дебитантско учество во битка за трофејот во Суперкупот, но за трофеј ќе мора да почекаат во другаа прилика.
Преземено од: Спорт.ком.мк


