ВИДЕО: Конте најавува подобри денови за Тотенхем

Тотенхем ја прекина низата од три меча без победа/Лондон, Велика Британија/21 ноември 2021/Фото: London, Britain, 21 November 2021. EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Лидс на домашен терен после пресврт (2:1) во последниот натпревар од 12 коло во Премиер лигата.

Од втор обид новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте успеа да го оствари првиот триумф сезонава во Премиер лигата. После ремито со Еверто на дебито (0:0), поранешниот стратег на Интер и Челси ја запиша првата победа од доаѓањето во северен Лондон.

Тоа не се најавуваше по првите 45 минути во кои Лидс водеше со голот на Џејмс после асистенцијата на Харисон. Пресвртот се случи во вториот дел преку Хојбјерг и Региљон.

Тотенхем моментно се наоѓа на седмото место со 19 бодови, додека клубот од „Еланд роуд“ е на 17 место со 11 бодови.

Во следното коло играчите на Марсело Биелса ќе гостуваат кај Брајтон на 27 ноември, а еден ден подоцна фудбалерите на Конте ќе играат на гостински терен против Барнли.

ВИДЕО: „Граѓаните“ лесно против Евертон, еврогол на Родри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот