ВИДЕО: Комедии, Балканот со одговор на Суперлигата, дури има и химна!

Фото: ФК Осогово/facebook.com/gfkosogovo

Актуелна тема во фудбалската и спортска Европа моментно е информацијата дека 12 европски клуба основаа т.н. „Суперлига“ и дека скоро сигурно ќе ја сменат сликата за европскиот фудбал која се гради со децении. Овој проект не наиде на одобрување ниту кај тренерите и играчите на клубовите кои се иницијатори на идејата, помеѓу нив Јирген Клоп и Џејмс Милнер кои ја критикуваа оваа идеја, што ќе создаде голем јаз во фудбалот.

Најконкретен потег досега повлекоа неколку европски пониски лиги, но и првите лиги, со кои ќе се воспостави „Бетон Суперлига“, натпреварување во кое парите нема да бидат важни, туку дружење, вистински фудбал, поврзување, хуманитарна работа и размена на искуство во фудбалска организација, маркетинг и сè друго што треба да го направи фудбалот подобар.

По иницијативата на ФК Рекреативо од Бања Лука на Твитер, се придружи српскиот клуб ФК Милјаковац, неодамна основан клуб со хуманитарна мисија, како и ФК Осогово, македонски второлигаш, а се спомнува и ФК Вардар, еден од најпознатите клубови во Македонија.

Поддршката за основањето на „Бетон Суперлига“ дојде дури и од „лулката на фудбалот“ од ФК Јунајтед Манчестер, клуб од Манчестер основан од навивачи по купувањето на Манчестер јунајтед од браќата Глејзер и кој е популарен низ целиот свет.

Иницијативата беше поддржана и од ФК Фаирант од Краков, полски нисколигаш, и многу клубови штотуку почнуваат да се појавуваат, така што оваа лига може да биде уште побројна.

Планот е клубовите да се поврзуваат на сите нивоа и кога околностите ќе им дозволат дури и да се посетуваат, да играат хуманитарни натпревари и да ја покажат вистинската суштина на фудбалот, која денес е во голема мера заборавена.

Зошто ПСЖ не е дел од Суперлигата?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот