Зошто ПСЖ не е дел од Суперлигата?

Насер Ал-Хелаифи/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Францускиот тим барем засега е верен на традицијата на УЕФА.

Суперлигата доцна синоќа и официјално е формирана од страна на 12. Најбогати, најмоќни и најголеми европски клубови, но меѓу нив ги нема Баерн Минхен и ПСЖ.
Баерн е актуелен европски шампион кој има шест титули во ЛШ и е трета најтрофејна екипа во елитното натпреварување, додека ПСЖ во последните 10 години од доаѓањето на богатските катарски сопственици кои не жалат пари, го направија еден од најмоќните фудбалски клубови на светот. И сега кога добија можност да играат затворена Суперлига, „светците“ барем засега ја одбија таа можност.

Како што јавува порталот Атлетик, челниците на клубот сметаат дека нивното влегување во Суперлигата ќе значи „помал респект“ кон останатите. Од ПСЖ порачуваат дека новото натпреварување не би требало да биде ограничено само на најбогатите туку дека и екипи како Лестер, Ајакс и Аталанта заслужуваат шанса.
„Остануваме верни на традицијата на УЕФА“, е првата порака од ПСЖ.

Но, како и секаде и тука постојат математики и интереси. Останувањето во системот и натпреварувањата на УЕФА може да претставува голем финансиски ризик, но претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи има добри причини засега да остане таму каде што е.
Ал-Келаифи во 2019 година стана првиот член на извршниот одбор на УЕФА кој не е од Европа, а покрај тоа е и член на организацискиот одбор за Светското првенство во Катар кое ќе се одржи идната година.

Бидејќи УЕФА се закани со тешки казни за основачите на Суперлигата, логично е дека Ал-Келаифи доколку се приклучеше на „лигата на богатите“, ќе се најдеше во незгодна ситуација. Истот се однесува и за Мундијалот, посебно доколку се остварат заканите дека фудбалерите кои играат за екипите основачи на Суперлигата, ќе добијат забрана да играат за репрезентациите.

Поради тоа, „Лекип“ пишува дека ПСЖ избра да биде на страната на УЕФА и ФИФА, барем засега.
Според францускиот магазин, финансискиот ризик од одбивање да се биде дел од Суперлигата е огромен, нема да има натпревари против најсилните екипи, нема да има спонзори, а нема да има ниту играчи како Нејмар и Мбапе…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот