Џастин Бибер на Коачела - Фото: Инстаграм/ jamielaing

ВИДЕО | Колку пари добил Џастин Бибер за настапот на „Коачела“, прогласен за „најлош во историјата“?

Џастин Бибер се најде на удар на критики по настапот на Коачела, кој дел од публиката го прогласи за еден од најлошите во историјата на фестивалот. Неговото враќање на сцената во саботата, на 11 април, предизвика бурни реакции на интернет, особено поради наводниот хонорар од 10 милиони долари (околу 8,5 милиони евра), пишува „Дејли мејл“.

По првиот викенд од Коачела, најмногу се зборува токму за настапот на 32-годишниот Бибер. Обожавателите со нетрпение го очекуваа неговото враќање и хитови како „Never Say Never“, „Stay“ и „Baby“. Иако делумно ги исполни тие очекувања, начинот на кој настапи беше сè освен вообичаен.

На сцената се појави во опуштено издание – во кратки панталони, дуксер и очила за сонце – а голем дел од настапот го помина во необична интеракција со публиката. Бибер, имено, настапот го пренесуваше во живо, преку разговор бараше од фановите да предложат која песна да ја изведе следна, а притоа се шегуваше и на сопствена сметка пуштајќи популарни интернет-мемови.

Токму ваквиот минималистички настап, без танчери и без вообичаената сценска енергија, им пречеше на дел од публиката, особено ако се земе предвид сумата што наводно ја добил. Според пишувањето на „Дејли мејл“ , станува збор за 10 милиони долари, што, како што наведува „Фајненшл експрес“, го прави најплатен изведувач во историјата на фестивалот – дури и подобро платен од Бијонсе.

Корисниците на социјалните мрежи не штедеа зборови.

„Зар навистина дојде како главна ѕвезда само со микрофон и лаптоп?“, праша еден корисник. Друг додаде: „Донесе лаптоп, вклучи пренос и фановите му избираат песни.“

Еден од коментарите гласеше: „100.000 луѓе платија да гледаат човек како пребарува по сопствениот канал.“ Некои отидоа и чекор понатаму, прогласувајќи го настапот за најлош досега: „Успеа во невозможното – го симна од првото место најлошиот настап во историјата на Коачела.“

Од друга страна, многумина застанаа во негова одбрана, истакнувајќи дека настапот бил искрен и интимен.

„Со години не настапуваше поради здравствени проблеми и огромен психички притисок. Самото тоа што е на сцена и звучи одлично во живо е доволно. Ако сакате спектакл, одете во циркус“, напиша еден обожавател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот