ВИДЕО | Кој е мистериозниот Холанѓанец кој тврди дека го „предвидел“ земјотресот во Турција?

Фото Јутуб принтскрин

Холанѓанец стана вирален откако го „предвиде“ земјотресот во Турција на неговиот „Твитер“ профил. На 29 јануари, неговите колеги и тој во видео предупредиле дека „некаде следната недела ќе има земјотрес во огромните виолетови области на картата што ги покажаа во централна и јужна Азија, како и во океанот“.

Впрочем, тој во објава напиша дека „загрозени се и околните области, а не се исклучени и оние кои не се ни блиску до виолетовите зони“. По смртоносниот земјотрес, тој доби милиони следбеници. Неговите видеа станаа вирални.

„Астросеизмолог“ Френк Хугербитс, се занимава со предвидување на земјотреси врз основа на положбата на планетите и Месечината и некои произволни компоненти на површината на земјата. „Њузвик“ го опфати неговиот случај бидејќи многумина беа возбудени и се прашуваа дали сето ова може да има некаква научна основа. Под неговата објава се среќаваат десетици илјади коментари од очајни Турци кои бараат од него да им каже дали ќе има уште земјотреси, бидејќи нивниот регион постојано е под потреси.

Човекот за кој станува збор се декларира себеси како истражувач, член на група луѓе кои ги следат порамнувањата на планетите и Месечината со одредени локации на површината на Земјата и доаѓаат до заклучоци за сеизмичноста. Тој дури го измислил терминот „планетарна геометрија“ за неговата „астролошка сеизмологија“.

Хугербитс пред три дена објави дека „порано или подоцна ќе се случи голем земјотрес од околу 7,5 степени во оваа област“ и ја посочи географската локација на земјотресот. Во поширокото подрачје каде всушност се случија двата големи земјотреси. Со истиот метод, тој предвиде и други земјотреси, како на пример за Калифорнија во 2015 година.

Експертите – и неекспертите – сметаат дека сегашната „предвидувањето“ на земјотресите е чиста случајност, во смисла дека секој знае дека во секој момент може да се случи голем земјотрес во области со висока сеизмичност.

Холанѓанецот имаше две објави на оваа тема. На 3 и 6 февруари, каде што напиша „Жал ми е за погодените од големиот земјотрес во Турција. Како што споменав порано, порано или подоцна ова ќе се случи во овој регион, како што се случи во 115 и 526 година. На овие земјотреси секогаш им претходи критична планетарна геометрија, како онаа што ја имавме на 4-6 февруари“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот