ВИДЕО | Ќе ве насмее: Глувче снимено како секоја вечер средува во шупата на сопственикот

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Едно глувче е снимено како тајно средува во шупата на сопственикот од Повис, Велс, речиси секоја вечер два месеци, пишува „Гардијан“.

Фотографот на дивиот свет, Родни Холбрук забележал дека предметите што ги оставал низ шупата, преку ноќ мистериозно се враќаат таму каде што припаѓаат.

Холбрук, решил да постави камера за ноќно гледање на својата работна маса за да открие што се случува и снимил видео кое потсетува на анимираниот филм „Рататуи“ од 2007 година, каде еден глушец тајно готви во ресторан.

 „Тоа траеше со месеци. Јас го нарекувам велшки уреден глушец. Отпрвин забележав дека храната што им ја давав на птиците завршува во некои стари чевли што ги чував во шупата, па поставив камера“, изјавил Холбрук.

Видеото со ноќно гледање покажа дека навидум совесниот глодар собира штипки, тапи, навртки и завртки и ги става во кутија на работната маса на Холбрук.

Тој дури и експериментирал со оставање на различни предмети за да види дали глувчето може да ги подигне, но животното не се одвратило, па дури и било видено како носи кабли до кутијата.

„Не можев да поверувам кога видов дека глувчето сè средува. Тоа премести секакви работи во кутијата, парчиња пластика, навртки и завртки. Сега не се мачам да средам, бидејќи знам дека ќе се погрижи. Ги оставам работите надвор од кутијата и тоа ги враќа на своето место до утрото. Деведесет и девет пати од 100, глувчето среди сè во текот на ноќта“, рекол Холбрук.

Инаку, сличена ситуација се случила во 2019 година, кога вирално видео покажа како глушец собира предмети во шупата на еден човек во близина на Бристол.

Стив Мекирс тогаш им кажа на новинарите дека мислел дека „полудува“ кога завртките и металните предмети постојано се појавувале во кутија со храна за птици. Поставил камера и снимил видео од глувчето како става завртки и други метални предмети во контејнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот