ВИДЕО | Кејт Мидлтон го прекрши правилото и го смири нервозниот маж што побара селфи

Фото: Принтскрин/ Твитер/CameronDLWalker)

Принцезата од Велс ги разнежни срцата на Британците со својот последен гест. Слаткиот момент кога Кејт Мидлтон „му ги смирува нервите“ на еден маж кој ја замолил да направат заедничко селфи во текот на нејзината посета на Лидс.

Облечена во смарагадно палто со потпис Александар Меквин, Кејт (41) го посетила пазарот во Лидс Киркгејт за да разговара за важноста на раните години од дествтото – што е тема на нејзината нова кампања „Shaping Us“.

Инаку, британското кралско семејство има строги правила кои неговите членови мора да ги почитуваат.

Одредени правила често изгледаат бесмислени, а едно од нив е дека членовите на монархијата не смеат да прават селфи.

Затоа, многумина се изненадиле од она што Кејт Мидлтон го направила на неодамнешниот настан.

Во моментот кога минувала низ толпата, еден маж ја замолил да се фотографира со неа, што таа со задоволство прифатила, а потоа направиле селфи.

„Извинете, навистина сум нервозен“, ѝ рекол човекот, што може да се слушне на видеото кое се појави на Твитер.

„Ве молам, не грижете се. Во ред е, сите понекогаш сме нервозни“, одговорила Кејт.

Принцезата од Велс веќе еднаш го прекршила правилото за селфи, кога со принцот Вилијам посетила една болница и направила селфи со медицинските сестри.

Кралот Чарлс Трети ѝ додели нова титула на Кејт Мидлтон

ФОТО | Вилијам и Кејт за првпат во јавноста по објавувањето на „Spare“: Изразот на нивните лица е јасен

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот