ВИДЕО: Казни за 20 лица кои возеле без возачка дозвола низ Скопје

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 20, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила и 62 мерки за непрописно паркирани возила.

Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во врска со техничката исправност на автобуси и комбиња кои вршат јавен превоз на патници. Во станица за технички преглед беа однесени 58 автобуси и комбиња, од кои 6 беа технички неисправни.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот