ВИДЕО | Како изгледа стан во најскапата зграда во Србија: Цената на метар квадрат е 10.000 евра

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лука Стокиќ

Агентот за недвижности Лука Стокиќ, имал можност да влезе во велепниот стан, кој се наоѓа во Кулата Белград. Цената на квадратот во ова луксузна градба достигнува и до неверојатни 10.000 евра, а погледот на главниот град на Србија од неа е нереален.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Stokic (@mr.lukastokic)


Видеото што го сподели Лука на Инстаграм прикажува како изгледа еден од становите во „најскапата зграда во Србија“.

Прикажаниот стан има целосна површина од 59 метри квадратни, а се наоѓа на 27-ми кат.

Видеото од станот можете да го погледнете ТУКА.

Видеото прикажува поминување низ трпезаријата со кристални лустери и кујната, па дневната соба чии прозорци гледаат кон мостот на Ада. Наведениот стан е опремен, а покрај тоалетот за гости и спалната соба има посебен тоалет.

Бидејќи вредноста на станот е енормна, мислењата за уредувањето на овој простор се поделени. И додека едни мислат дека ентериерот не вреди толку пари, други мислат дека се е внимателно осмислено и уредено, а изгледа луксузно.

Според зборовите на Лука, оваа недвижност од 59 метри квадратни се наоѓа на 27-ми кат во белградската кула. Од ходникот влегувате во трпезаријата со тркалезна маса и бели столови, а тука е и кристалниот лустер. Кујната е од десната страна и е опремена во беж тонови. Оттаму влегувате во дневната соба која е посебен дел од станот, бидејќи нуди прекрасен поглед на мостот на Ада.

Во таа соба има кожена гарнитура во боја на кајсија, пониска широка минималистичка масичка, сива фотелја и темна полица со телевизор. Станот има и гостински тоалет, додека спалната соба има сопствена бања со пространа туш кабина. Тука преовладува белата боја, без премногу детали, пишува „Задовољна“.

Спалната соба има и прозорци од подот до таванот, како и дневната соба, со брачен кревет и биро. Бордо фотелја ги разбива монотоните посветли нијанси и дава контраст на целиот простор, а се совпаѓа со сликата на ѕидот.

„Кич со поглед на нечиста река“, „За тие пари можеш да си изградиш вила со базени и тениски терени“, „Ништо посебно. Премногу стерилно и изгледа како хотелско сместување“, „Искрено, ништо посебно, не вреди за парите и што се однесува до дизајнот, можело да биде многу поинаку, со повеќе вкус да се направи“, се само дел од негативните коментари, а имало и зборови на воодушевување: „Многу е убаво да се има ваква зграда во Белград“, „Изгледа како оние згради во Дубаи“, „Станот е елеганција“, „Ми се допаѓа овој минималистички стил, кој е многу отмен“.

Кулата Белград се наоѓа покрај реката Сава, има 42 катови, висока е 168 метри, а изградена е во рамките на проектот „Белград на вода“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот