ВИДЕО: Кадиров го блокира Грозни за да го ожени синот, но забрани свадбата да се снима

Рамзан Кадиров фото принтскрин Телеграм

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го ожени својот 17 годишен син. Главниот град Грозни беше под силно полициско обезбедување, за да може свадбената поворка непречено да помине низ градот, а улиците беа комплетно испразнети. Строго било забрането да се снима свадбата.

Но, некој со поголема храброст успеал да сними дел од свадбената поворка низ улиците во Грозни.

По повод венчавката, во главниот град на Чеченија, Грозни, беше организирана раскошна прослава.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин лично му ја честиташе венчавката на Ахмат Кадиров, едно од 14-те деца на чеченскиот лидер и руски сојузник.

Во Северен Кавказ сè уште постои обичај да се венчаат многу млади. Иако малолетниците не можат да стапат во брак според руските прописи, локалните власти можат да одобруваат бракови уште на 16 години. Но, во Чеченија сè уште има случаи на брак на 14-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот