ВИДЕО | „Каде ми е колата? Крадци!“: Хаос во Белград пред митингот на Вучиќ
Пред тридневниот митинг на “Движењето за народот и државата” од 11 до 13 април, кој го најави Александар Вучиќ, nна улиците во Белград невообичаени сцени- голем број автомобили паркирани на булеварот “Крал Александар” се подигаат, иако паркингот за овие возила е прописно платен.
Препорачано
Неколку читатели на порталот Nova.rs се обратиле до редакцијата поради овој проблем, тврдејќи дека автомобилите се отстранети од целосно редовни места за паркирање, првенствено во близина на Ташмајдан и по булеварот на кралот Александар I Караѓорѓевиќ.
Паркинг службата ги дига возилата долж булеварот “Крал Александар” поради митингот на Вучиќ: Луѓето немаат поим каде се нивните автомобили, ги носат во непозната насока, никој не е информиран
Од Паркинг службата велат дека автомобилите биле преместени по наредба на управата на градот Белград “поради утрешниот настан”.
Видеата од овој дел на Белград се широко споделени на социјалните мрежи.
🚨 НЕВИЂЕНИ БЕЗОБРАЗЛУК!
Два дана пред скуп секте затворени су Булевар краља Александра, Ресавска и неке околне улице!
Комунална полиција и Паркинг сервис ОДНОСЕ ПРОПИСНО ПАРКИРАНА ВОЗИЛА иако нема никаквог обавештење! pic.twitter.com/1QZdkjV9DF
— Немања Шаровић (@NemanjaSarovic) April 10, 2025


