ВИДЕО: Јато фламинга лета над Охридското Езеро

Фото: Твитер / Курир / принтскрин

Туристите кои го посетија Охрид за Велигден годинава беа почестени со необична глетка – јато фламинга во лет над езерото.

Фламингата се крупни птици, високи над еден метар, а овој вид, Големото фламинго (Phoenicopterus roseus) е распространет на најголема површина – во Северна Африка, Јужна Азија, Јужна Европа и на Блискиот Исток, а се среќава и на север до германско-холандската граница.

Во последните години, оваа егзотична птица сѐ почесто се забележува во Македонија, на Охридското и Преспанското Езеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот