Фото: „Икс“ / скриншот

ВИДЕО | Моќен земјотрес ја погоди Јапонија, издадени се предупредувања за цунами

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот брег на Јапонија, соопшти jапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил крај брегот Санрику, на истокот од земјата, на длабочина од 10 километри.

Како што јавува јавниот радиодифузен сервис NHK, цунами е веќе забележано на 50 км од брегот на јапонската префектура Аомори.

Видеата објавени на социјални мрежи ја покажуваат разорната сила на потресот:

Премиерката Такаичи ги повика граѓаните веднаш да се евакуираат на повисоко место

Јапонската премиерка Санае Такаичи упати итен апел до жителите во областите погодени од земјотресот да се преселат на повисоко место без одложување.

„Сите во областите погодени од земјотресот мора веднаш да се евакуираат на повисоко место“, соопшти премиерката Такаичи во кратка порака.

Трамп можеби е сенилен, а можеби само не му е гајле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот