ВИДЕО | Јанчев: Предвремени парламентарни избори не се потребни, потребно е поразумно раководство во ВМРО-ДПМНЕ

Митко Јанчев

Јас лично се уште не сум вклучен во ИО за вонреден Конгрес. Немам информации колку делегати има. Амбициите на секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ и кој што мисли дека може да направи подобро за партијата, мислам дека треба да направи програма и да и помогне на партијата.

-Мојот начин на работа и стил не е деструктивност, јас доаѓам од бизнис секторот, не сме учени да навредуваме, ниту да бидеме насилни. Сегашното раководство го употреби против мене тоа кога излегов на Собраниска говорница и кога кажав дека ако Заев го нема требаше да го измислиме, дека е флесибилен и добар човек кој знае да прави компромиси во политиката. Јас уште стојам на тоа што го кажав – флексибилност во политиката и подговотвеност за компромис и тоа како е потребна, изјави во Утрински брифинг, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

-Мојата крајна цел не е само да се земе партијата и да се води – она што го зборев вчера ќе го кажам и денес – закрвувањето помеѓу македонскиот народ, вокабуларот мафијаши и криминалци, мислам дека треба да прекине и да не биде тема на политичките партии, туку си има судови и органи кои треба да се занимаваат со тоа. Не сум за предвремени парламентарни избори. Не за да ја штитам власта, туку за да ја заштитам државата – државата нема веќе капацитети и можности да ги одржува овие предвремени парламентарни избори. Што ќе постигнеме со нив? Да треба компромис и разговор, повеќе сум за широка коалиција после локалните, со некакво поразумно раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Не е битно кој ќе ја води државата, туку е битно тоа да е транспарентно и објективно, вели Јанчев.

-Доколку не сум член на идното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе побарам уште еден мандат. Очекувам да бидам поддржан од партијата, доколку не бидам, тогаш ќе ја разгледувам опцијата како независен кандидат, истакна Јанчев.

Говорејќи за бегството па враќањето на Мијалков, Јанчев смета дека потребно е преиспитување на сите почнувајќи од најнискиот ешалон. Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот