ВИДЕО | Извонредни жени: Предлог филмови кои се „лесни за џвакање“

8 март
Суфражета, Фото: Profimedia

Покрај славењето, денес би било убаво да им обрнеме внимание на жените кои се погрижиле да имаме колку – толку права во светот. Оваа листа на филмови е „лесна за џвакање“, забавна и едукативна!

Iron Jawed Angels (2004)

Овој филм ја раскажува вистинската приказна за тоа како пркосните и истакнати активистки Алис Пол и Луси Барнс се бореле за право на глас на жените, ризикувајќи ги нивните животи за да им овозможат на Американките да гласаат. Филмот ѝ се обраќа на модерната публика и покажува како двете се одвоиле од главното движење за правата на жените и основале уште порадикално крило, осмелувајќи се да ги помести границите на политичките протест како што би добиле право на глас на жените во 1920 година.

Suffragette (2015)

Дејството на филмот се одвива во 1912 година и следи група на вработни жени кои се организираат, се обединуваат и заедно се борат за правата на жените во рамките на движењето за право на глас во Обединетото Кралство. Без еуфемизми, филмот ја прикажува цената на нивната борба, апсење, тепање, отпуштање од работа, а некои од нив ја платиле со смрт. Водачот на движењето, Емелин Панкхерст(Мерил Стрип) започна национална кампања и повика на граѓанска непослушност по децениските мирни протести кои владата ги игнорираше. Во центарот на приказната, сепак не е таа, туку младата Мод Вотс (фиктивна хероина која ја игра Кери Малиган), перачка и мајка која работи во ужасни услови и ја наоѓа својата цел во рамките на ова движење.

Фала за букетот, не мора: Револуцијата која го создаде 8-ми март

Battle of the Sexes (2017)

Филмот ја тематизира родовата нееднаквост, низ призмата на тенисот и е заснован на вистински настан. Во текот на 1970-тите, идејата жените и мажите да играат за една парична награда била смешна – првата награда во женската категорија била осум пати помала од машката награда. Во знак на протест, Били Кинг и нејзината колешка Гледис Хелдман основаа свој турнир, ја основаа Женската тениска асоцијација и на крајот ја принудија Американската тениска асоцијација да ги подигне паричните награди за жените.

The Divine Order (2017)

Жените во Швајцарија немаа право на глас до 1971 година. Затоа што швајцарскиот систем беше таков што уставните промени можеа да се направат само преку референдум, а во тоа време само мажите можеа да гласаат на референдум. Филмот ги претставува швајцарските суфражети низ приказната за измислена домаќинка, но родена лидерка Нора (Мари Лојенбергер).

ИНТЕРВЈУ | Савка Тодоровска, борец за женски права: Еднаквоста не е само женско прашање

On the Basis of Sex (2019)

Филмот е биографска приказна за Рут Бадер Гинсбург(Фелисити Џонс), нејзината борба за еднакви права на жените и тешкотиите што мора да ги надмине за да стане судија во Врховниот суд на САД. Долго пред да стане втората жена на оваа функција, Рут и нејзиниот сопруг Марти работеа на првиот федерален случај за прогласување на родовата дискриминација за неуставна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот