ВИДЕО | Излета пред автомобилот со два калашникови – крвната одмазда пред судот во Косово

Објавена е снимка од двојното пукање што се случи во петокот во Пеќ, во близина на Основниот суд. На неа се гледа осомничениот со две пушки АК-47 како пука кон таргетите кои возеле, објави Коха.

За среќа, полицијата брзо интервенирала и го уапсила. Едниот од повредените е на лекување во УЦКК, додека другиот е во стабилна состојба во болницата во Пеќ.

Полицијата објави дека на местото на настанот запленила два долги пиштоли АК-47, два револвера, 129 патрони и 16 чаури како материјални докази.

Повеќе извори наведуваат дека осомничениот е член на семејството на лице убиено  пред три години, а нападот се поврзува со крвна одмазда. Основниот суд во Пеќ претходно ги осуди обвинетите во тој случај на 44 години затвор, по што тие биле пуштени од притвор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот