ВИДЕО | Историски момент во НБА: Леброн стана првиот кошаркар со 40.000 поени

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се радуваше во натпреварот против Леброн Џејмс откако неговиот Денвер славеше со 124:114 против Лејкерс, меѓутоа Леброн долго ќе го памети овој натпревар бидејќи стана првиот кошаркар кој во НБА лигата постигнал над 40.000 поени.

На Леброн пред почетокот на средбата му недостасуваа само девет поени и се очекуваше токму против актуелниот шампион да испише нова историја во НБА.

Лејкерс го загубија натпреварот во последната четвртина во која двете екипи влегоа со израмнет резултат.

Најефикасен кај Лејкерс беше Леброн со 26 поени, додека Јокиќ одигра уште еден доминантен натпревар во кој постигна 35 поени и додаде уште десет скокови. Дабл-дабл учинок имаа уште Портер со 25 поени и 10 скокови, како и Мареј со 24 поени и 11 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бруклин – Атланта 114-102

Мајами – Јута 126-120

Мемфис – Портланд 100-107

ЛА Лејкерс – Денвер 114-124

Феникс – Хјустон 109-118

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот