ВИДЕО: Исфрлени над десет тони вода врз пожарот кај Белица

Фото: МВР

Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар близина на село Белица, општина Македонски Брод, упати хеликоптер од типот Бел 412.

– Полицискиот хеликоптер Бел 412, во координирано постапување со противпожарните единици, дејствуваше на многу висок и непристапен терен, каде беше опожарена борова и нискостеблеста шума, при што исфрли над 10 тони вода и помогна во локализирање на еден крак од пожарот, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот