ВИДЕО | Инвазија на скорпии на југот во Египет: Повредени над 500 лица, тројца загинаа

Скорпии убиле три лица во градот Асуан на југот на Египет/ Фото: You tube

Скорпии убиле три лица во градот Асуан на југот на Египет, а стотици имаат здравствени проблеми од убоди, откако по силно невреме скорпиите биле расфрлани по градските улици, пишува Би-би-си.

Од тамошното Министерство за здравство објаснија дека од дождовите се оштетени дувлата на скорпии, па животните ги оставиле и се нашле во близина на станбени згради.

– Повеќе од 500 луѓе во Асван добија противотров за каснувањето од скорпија, пишува РИА Новости.

Властите ги повикаа жителите да останат дома и да избегнуваат области со многу дрвја.

Каснувањата од скорпија ретко се опасни по живот, но малите деца и постарите лица имаат најголем ризик од развој на сериозни компликации, според американската здравствена институција Mayo Clinic.

Видео на денот