ВИДЕО ИНТЕРВЈУ Синиша Пекевски: Сегашната власт го копира владеењето на Никола Груевски

Тоа што беше негативно во времето кога владееше Никола Груевски, сегашната влада се обидува да го ископира, изјави аналитичарот Никола Пекевски во неговото гостување во „Утрински печат“, каде ги коментираше предложените измени за Законот за аудио-визуелни услуги.

– Ископиран од сегашната власт, од времето кога премиери беа Никола Груевски и Емил Домитриев е и носењето на новиот буџет, кој повторно е повисок од претходниот. Што значи дека само ја продолжуваат истата политика и единствената цел, докажувајќи дека тогашните опозициски партии имале единствена цел да се дограбат до власта. Медиумите треба да се поддржат, но наместо телевизиите, помош треба да им се додели на печатените медиуми, бидејќи читањето е култура на живеењето – додаде Пекевски.

Тој говореше и за јаловите обиди на власта во борбата со корупцијата, за актуелниот рејтинг на политичките партии, но беше мошне критичен и кон актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

Целото интервју на Синиша Пекевски погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот