ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Н.Е. Јарослав Лудва, чешки амбасадор и Димитар Николовски, ЕВРОТИНК: Македонско-бугарскиот граѓански сектор да ги оправи политичарите

Фото Слободен печат/ Драган Митрески

Руската инвазија врз Украина ги промени дури и приоритетите на ЕУ и на европското претседателство на Република Чешка. Украина е високо на агендата, но тоа не значи дека другите геополитички региони се запоставени, вели Н.Е. Јарослав Лудва, чешки амбасадор во Скопје во разговорот за „Утрински печат“.

Западен Балкан за актуелниот претседавач на Унијата, според чешкиот амбасадор е секогаш на врвот на листата на чешките приоритети.

Со дијалог меѓу граѓанскиот сектор меѓу Република Северна Македонија и Бугарија сакаме да постигнеме квалитативен исчекор што ќе го следат политичарите на двете држави.

Првиот човек на ЕВРОТИНК, Димитар Николовски вели дека постои подготвеност на младите луѓе и од двете страни на македонско-бугарската граница да изнаоѓаат решение за надминување на разликите, без желба да се доминира над другите.

„Одлична работа е што од тие средби се разбрани дека не постои желба да се наметне една вистина на другата страна, што е добар почеток за надминување на разликите“, смета Николовски.

Тој во разговорот проговори и за горкото чувство кај македонските граѓани дека се направени големи жртви, особено по францускиот предлог, што остава, вели тој, дополнителна фрустрација и непријатност.

„Има и пропусти во комуникацијата на нашите политичари, кои велат дека реформите ги правиме за ЕУ. Не, ние реформите ги правиме заради нас самите и да живееме во подобро општество, а потоа валоризацијата ќе дојде преку членството“ оценува директорот на ЕВРОТИНК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот