ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Милан Стефановски: Нема надпартиски консензус за решавање на националните прашања и затоа расте евроскептицизмот дома

Милан Стефановски - политиколог / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Повеќе фактори влијаат за растот на евроскептицизмот во земјава меѓу населението. Една од причините за ваквата состојба дома е токму бирократското бавно темпо на политиките на проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Ако вие имате механизам кој е спор на предизвици, како што беше во случајот со пандемијата и вие како држава добиете вакцини од Србија која не е земја членка на ЕУ наместо од Унијата, се генерира слика во домашното општество дека Брисел нема капацитет за решавање на проблемите на државите кои се надвор од неа. Таквото толкување на овие политики на ЕУ кај македонските граѓани се пресликува негативно и кога станува збор за уставните измени, спроведувањето на реформите но и решавање на другите важни национални прашања. Дополнително непостоењето на надпартиски консензус кај македонските политички чинители за решавање на националните прашања ја подотвора вратата за раст на евроскептицизмот кај населението што во исто време е загрижувачки, вели политикологот Милан Стефановски при гостувањето во емисијата „Утрински Печат.“

– Во ЕУ во овој момент не постои генерален договор меѓу сите земји членки за геополитичките насоки каде Унијата во иднина треба да се движи. Слично е и во земјава. Двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се докажа дека немаат консензус кога станува збор стратешките прашања на земјава. Кога ќе се собере од една страна конфузната политика на Брисел кон политиките за проширување а од друга страна неможноста домашните партии да се договорат околу уставните измени кои ни се единствен услов за наш пат кон ЕУ се формира слика кај народот дека на ЕУ можеби не и е потребно ново проширување особено со земјите од Западен Балкан – истакна Стефановски.

Стефановски објаснува дека ЕУ низ годините наназад не успеа да се наметне како важен геополитички играч на глобалната карта, приуина плус поради која имаме пораст на евроскептици и десни движења во источните земји членки на Унијата.

– Евроскептицизам има и во Унгарија и во Романија но и Бугарија. И тоа во принцип не е проблем само на граѓаните бидејќи тие престанале да веруваат во неа, туку тоа е проблем можеби бидејќи тие престанале да веруваат дека тој систем на европски вредности постои. Сепак, тука сакам да истакнам дека Македонија нема друга алтернатива освен полноправно членство во Унијата. Кочничари на европските процеси дома имало и ќе има. Решавањето на овој проблем околу обезбедувањето на потребниот број на пратеници за уставните измени лежи во самите партии. Тие неопходно е да сфатат дека треба да се репрограмираат и да се уверат дека нема да има друг преговарачки процес со ЕУ, овдека говорам за опозициската партија ВРМО-ДПМНЕ. Кој и да е на власт ќе мора да го реши проблемот. Има рокови по кои земјава треба да се држи и движи нанапред. Доколку истите не се почитуваат поради дневно политички поени, нашите западни партнери конкретно ќе реагираат. Тоа деновиве може да се увиди и преку пораките упатени во јавноста од страна на американската амбасадорка Агелер но и другите европски челници – резимира Стефановски.

Во исто време политикологот додава дека геополитичката слика која Западот сака да ја оствари во земјите од регионот се нарушува токму поради проблемите на земјите овдека со корупцијата, не владеењето на правото, пропагандата како и поради проблемите во правосудството.

Повеќе од разговорот со Милан Стефановски можете да го погледнете во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот