ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Јовановиќ: „Незрели цреши“ е првиот македонски филм кој реферира на конфликтот од 2001 и простувањето
„Незрели цреши“ алудира на една моја анализа на некаква незрелост на одредени сегмети од македонското општество. Немаме зрел поглед на некои нешта – тоа е една симболика. Филмот реферира на воениот конфликт од 2001 година и е прв филм направен во Македонија на таа тема, рече режисерот Небојша Јовановиќ во утринската емисија „Слободен печат“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој додаде дека за овој филм имало доста интерес од меѓународната јавност, особено во Франција и Грција.
„Мене ми е особено драг филм бидејќи ја обработува темата на простување, која е голема и е една од битните работи за нештата да продолжат да функционираат, како што е тоа со македонското општество“ рече Јовановиќ.
Јовановиќ се осврна и на филмскиот фестивал „Киненова“ за кој нагласи дека за да функционира мора да се потпира на повеќе извори на финансирање.
-Во финансирањето вклучена е државата и ние сме благодарни за тоа. Освен тоа фестивалот го потпираме и на останати извори како меѓународни фондови, амбасади, приватни фондови, спонзорства. Без тие средства, како средствата од ЕУ изминатите години, фестивалот немаше да преживее“ рече директорот на фестивалот „Киненова“, Небојша Јовановиќ.
Тој додаде дека исто така огромна помош фестивалот добива и од Општина Центар.
„Публиката во Скопје е предизвик да ја донесете последните години во кино сала да гледа уметнички филм, треба да има некаква провокација. Статистички публиката расте и се создаде публика околу „Киненова“ која ја приметувам и е постојано присутна“ рече Јовановиќ.
Директорот на фестивалот сепак додаде дека треба да се работи на привлекување на помладата публика која е повеќе врзана за малите екрани, блокбастерите и интернетот.


