ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Д-р Софијанова: Детската клиника остана без Ургентен центар

д-р Аспазија Софијанова/Фото: Слободен печат

Детската клиника остана без Ургентен центар, затворен беше пред извесно време. Проф. д-р Аспазија Софијанова во утринската емисија „Слободен печат“ на Слободна ТВ вели дека Ургентниот центар ја одигра одлично својата улога.

-Ургентен центар мора да има, но се затвори со новото раководство. Тоа е болна точка за сите, посебно за мене. Тој одлично ја одигра улогата посебно за време на ковид пандемијата. Државната ревизија треба да го каже последниот збор во ревизорскиот извештај кој следна недела треба да биде објавен. Треба да даде одговор зошто е затворен. Според мене треба да се отвори, посебно за малите пациенти- вели Софијанова.

Со доктор Софијанова разговаравме за тоа дали е можно повторно да стане директор на Клиниката, за недостигот на кадри, посебно лекари на детска неврологија, за ретките болести.

Целото интервју со д-р Аспазија Софијанова погледнете го во продолжение:

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот