ВИДЕО ИНТЕРВЈУ Адем Авзиу, директор на „Елемтурс“: Попова Шапка е подготвена за скијачите, сезоната почнува за десетина дена

Адем Авзиу, директор на „Елемтурс“/фото: Слободен печат

Попова Шапка е спремна за зимската сезона, која официјално ќе почне на 15-ти, или 20 декември. Направени се на време сите потребни инспекции, сите технички испитувања за ски-лифтовите и за жичарниците и добиени се и дозволите од страна на акредитираните компании и од страна на Техничката инспекција при Министерството за економија, вели во разговор за „Слободна ТВ“, Адем Авзиу, директор на „Елемтурс“, компанија кој стопансува со ова зимско скијалиште и кое според најавите од наредната година ќе се почне да се трансформира во светски ски-центар под капата на италијанската компанија „Техно Алпин“ на кој Владата донесе одлука да и даде статус на стратешки инвеститор.

– Како што објави Владата, реномирана италијанска компанија која го произведува системот за вештачки снег, веќе доби статус на стратешки инвеститор. Сега, во втора фааза, треба да почнат преговорите со инвеститорот за секоја точка. Ако и понатаму работиме со ова посветено темпо, мислам дека летотот 2023 година треба да ги дочекаме првите инвестиции во ски-центарот. Инаку според процедурата, дополнително треба да се потпише договор меѓу Владата и стратешкиот инвеститор, и истиот треба да помине во Собранието – рече Авзиу.

Според доставениот бизнис план, вкупната вредност на инвестицијата е над 186 милиони евра. Само во првата фаза, од 2023 до 2025 година се планирани над 55 милиони евра – за конкретни, наведени проекти во бизнис планот.

Но, новиот план за Шапка донесе и нов компаниски концепт. Со одлука на Управен одбор на АД ЕСМ веќе се формирани две друштва – Попова Шапка ДООЕЛ Тетово и ЕСМ Молика.

Ова пак, ги вознемири вработените – кои ги има 80, што ќе се случи со нив.

– Во тек е префрлањерто на имотот од АД Електрани на двете друштва. Во врска со вработените во Елемтурс се работи на изнаоѓање на соодветно решение за да може тие вработени да се префрлат, односно превзаемат во новите две друштва – изјави Авзиу.

Целото ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ погледајте го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот