Хакан Чалханоглу/Inter FC

ВИДЕО: Интер продолжи да гази во Серија А – рутински ја реши Џенова

Фудбалерите на Интер продолжуваат сигурно да чекорат кон титулата во Серија А, откако на домашен терен ја совладаа Џенова со 2-0. Скудетото сè повеќе изгледа како прашање на време за „нераазурите“.

По разочарувачката елиминација во плејофот од Лигата на шампионите против Бодо глимт, тимот предводен од Кристијан Киву целосно се фокусираше на домашното првенство, каде што засега нема вистинска конкуренција.

Патот до новите три бода беше отворен во 31. минута, кога Федерико Димарко ја затресе мрежата за водство од 1-0, резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме, Хакан Чалханоглу од белата точка во 70. минута ги постави конечните 2-0.

Интер сега има 13 бодови повеќе од градскиот ривал Милан, кој има и натпревар помалку и утре му гостува на Кремонезе. Разликата е голема, а шампионската трка сè повеќе личи на формалност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот