ВИДЕО | Интер го победи Лацио за двојна круна во Италија
Интер ја потврди фаворитската улога во финалето на Купот на Италија и со сигурни 2-0 славеше против Лацио во натпреварот одигран во Рим.
Препорачано
„Нераѕурите“ практично ја завршија работата уште во првото полувреме, кога ги постигнаа двата гола што се покажаа доволни за трофејот. Резултатот беше отворен во 14. минута, кога Адам Марушиќ несреќно ја затресе сопствената мрежа и му донесе предност на Интер.
По нешто повеќе од половина час игра, Дензел Дамфрис одзеде топка на средината од теренот и веднаш асистираше до Лаутаро Мартинез, кој без проблеми погоди на празен гол за 2-0.
Фудбалерите на Лацио во првите 45 минути не успеаја ниту еднаш да шутираат во рамките на голот на Интер, а иако во второто полувреме прикажаа подобра игра, недостигаше реализација за да се вратат во натпреварот.
Со овој триумф Интер стигна до двојната круна сезонава, откако претходно веќе ја обезбеди и шампионската титула во Серија А.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
17мин
-
40мин
-
46мин
-
49мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


