Запалено полициско возило на протест во Даблин/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Инциденти во Даблин во близина на хотел во кој се сместени азиланти

Судири избувнаа во Даблин вчера вечер, при што демонстрантите запалија полициско возило и се судрија со безбедносните сили во близина на хотел во кој се сместени баратели на азил, објави Би-би-си.

Протестите против имиграцијата се одржуваат втор ден по ред во ирскиот главен град, по нападот врз 10-годишно девојче за кој е обвинет африкански имигрант, објавија ирските медиуми.

„Ајриш тајмс“, кој објави видео од запаленото полициско возило, објави дека повеќе од 500 луѓе учествувале во демонстрациите. Сликите споделени на социјалните мрежи покажуваат демонстранти како држат ирски знамиња и антиимиграциски транспаренти. Некои фрлаа петарди и шишиња кон полицајците.

„Инструментализацијата на злосторството од страна на некои кои сакаат да посеат раздор во нашето општество не е неочекувана“, рече министерот за правда Џим О’Калаган. „Тоа е неприфатливо и одговорот ќе биде силен“, нагласи тој.

Полицијата вчера објави дека маж, на возраст од околу 20 години, е уапсен и обвинет за напад врз малолетно девојче.

Лидерот на опозициската партија Шин Фејн изјави пред ирскиот парламент дека во март е издадена наредба за депортација против уапсениот маж.

Министерот за правда О’Калаган побара детален извештај за обработката на барањето за азил поднесено од обвинетиот во случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот