ВИДЕО I Три висококатници ќе никнат на паркингот кај „Холидеј Ин“: МГ Фешн“ и Македонската православна црква уплатиле комуналии

Паркингот спроти хотелот „Холидеј ин / Фото: Слободен печат

Сопствениците на земјиштето на просторот кај хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје наскоро ќе почнат со градење на три згради со катност од 15, 20 и 25 ката, објави СДК.мк.

Според порталот, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква, преку фирмата „Обновители“, уплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра). Претходно, Општина Центар им го одобри идејниот проект за објектите.

ВИДЕО | Сабриоски: Судски, политички и бизнис игри со парцелата кај Холидеј ин – му се случува ли на Скопје урбицид!?

Со тоа, сега останува уште инвеститорите да добијат одобрение за градба и потоа слободно да градат на овој последен слободен простор во центарот на Скопје. Мораториумот за градење во централното градско подрачје повеќе не е на сила, со што инвеститорите не би имале пречка да ги добијат дозволите.

Ќе никне ли комплекс без идеја, без ентитет и далеку од размерите во секаква смисла во строгиот центар на Скопје?

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, за телевизијата Телма рече дека добрата вест е што не станува збор за шеесткатници, како што беше планирано претходно, туку параметрите сега се намалени.

„По тоа што беше предадено од страна на инвеститорот, станува збор за многу намалена површина, некаде над 55 отсто намалено од тоа што се предвидува во стариот план. Ако претходно околку 200 илјади метри квадратни беа предвидени како површина за градење, сега е предаден проект односно идејно решение со 88-89 илјади квадрати. Задоволен можам да бидам само во тој дел дека максимално ќе дадеме се од себе за да бидат запазени одредени параметри коишто претходно ги вградувавме во плановите. Сакав да успее целата приказна и до крај да се истера со мораториумот, да се ревидираат плановите, но Уставниот суд е нешто што е највисоко во судската власт“, рече Богдановиќ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот