ВИДЕО I Реџепи: Имаме добра основа за уште повеќе да ги унапредиме односите меѓу заедниците

кастриот реџепи
Фото: youtube/printscreen

Денеска напладне Комитетот за односи со заедниците заседава околу програмата за неговата работа. Пристапот на овој состав е да биде доста активен и да игра важна улога и затоа денеска на втората седница ќе ја усвоиме програмата на комитетот во која има сет на активности кои ќе бидат преземани во наредниот период.

– Со новата влада по изборите во 2016 година се работеше многу во подобрување на односите меѓу заедниците и со тоа се постави една добра основа да работиме заедно за да ги подобриме уште повеќе, вели за „Утрински брифинг“, членот на Комитетот за односи со заедниците и пратеник од редовите на БЕСА, Кастриот Реџепи.

Целиот разговор со пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи може да го погледнете во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот