ВИДЕО I Ердоган си ја исполни својата повеќедецениска цел: Отвори голема џамија во центарот на Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган отвори голема џамија на истанбулскиот плоштад Таксим во центарот на градот, исполнувајќи ја својата повеќедецениска цел.

Џамијата на плоштадот Таксим е висока 30 метри. Ердоган им отпоздравуваше со рака на насобраните луѓе на плоштадот, пред да влезе во верскиот храм на молитва.

Изградбата на џамијата започна во февруари 2017 година, а проектот беше инициран од Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот, која е ориентирана кон исламот.

Официјални претставници денеска објавија видео снимка на Твитер, на која е прикажан Ердоган од 1994 година, кога станал градоначалник на Истанбул, покажувајќи го од неговата канцеларија местото каде ќе изгради џамија.

Џамијата ќе може да прими до 4.000 верници, а има и изложбен салон, библиотека, паркинг и кујна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот