Холандија и Франција го одиграа првиот натпревар без голови на Европското првенство

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Во седмиот ден од првенството и тоа во дербито помеѓу Холандија и Франција вечерва го видовме првиот натпревар на Европското првенство кој заврши без голови.

Најдинамични од денешниот натпревар беа првите 15-тина минути кога Франција создаде две добри прилики, но и Холандија се закани преку Гакпо. Најголемата прилика за за Французите ја имаше фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабио кој излезе сам пред голманот на Холандија, но за малку му побегна топката и не успеа да шутира.

Холандија иако имаше помалку шанси, сепак ја погоди мрежата на Мањан, меѓутоа голот на Чави Симонс беше поништен по прегледувањето на ВАР поради недозволена позиција.

На табелата сега Холандија и Франција имаат по четири бода, Австрија има три, Полска е без бодови. Во последното коло Холандија ќе се сретне со Австрија, а Франција со Полска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот