Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Херојски потег на случаен минувач во Сиднеј – скокна врз напаѓачот, му ја грабна пушката и ја впери во него

Истрагата сè уште не утврдила колку лица учествувале во пукањето што се случи за време на настанот по повод Ханука, на плажата „Блонди“ во Сиднеј.

Вознемирувачка снимка од местото на инцидентот прикажува момент кога полициски службеници му укажуваат помош на еден од напаѓачите, додека друг е изведен со лисици на рацете.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи масовно се споделуваат повеќе застрашувачки видеа од настанот.

На едно од нив се гледа како случаен минувач го спречува напаѓачот. Снимката покажува како лицето најпрво се засолнува зад автомобил, потоа му се приближува, скока врз напаѓачот и му го одзема оружјето, додека во позадина јасно се слушаат истрели.

 

ФОТО | Вознемирувачки сцени во Сиднеј – се слушаат пукотници, луѓето панично бегаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот