ВИДЕО: Хелсиншки смета дека постапката за пациентката што обвинува за погрешно дијагностициран карцином премногу се одолжува

Тона Карева - правна советничка во Хелсиншки комитет / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Хелсиншкиот комитет за човекови права од 2019 година ѝ дава правна помош на пациентката С.С. од Тетово која до Обвинителството во 2018 година поднесе кривична пријава против лекарите и Клиниката за радиотерапија и онкологија за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно работење во службата. На пациентката и беа отстранети дојките иако, според неа, немала канцер, а тоа го покажал наодот од хистопатологија после операцијата.

Случајот првпат јавно го објави „Слободен печат“ откако С.С реши да зборува за него незадоволна од постапувањето на Обвинителството.

Мислењето на Хелсиншкиот комитет за човекови правава е дека целата постапка е премногу одложена зашто од кривичната пријава во 2018 година поминати се повеќе од 4 години, а јавнообвинителска одлука нема.

-Ако го имаме предвид кривичното дело кое се става на товар и сензитивноста на случајот, навистина е многу долг период. Особено зашто член 301 од Законот за кривична постапка вели дека јавниот обвинител ја завршува истрагата кога ќе оцени дека состојбата е доволно разјаснета и дека може да донесе одлука односно дали да подигне обвинение или да ја запре истражната постапка. Зашто во моментот нема ни обвинение туку истражна постапка која трае 3.5 години. Ако истражната постапка не се заврши за 6 месеци јавниот обвинител треба да го извести Вишото јавно обвинителство и за сложени предмети може овој рок да се продолжи за уште 6 месеци, а по исклучок јавниот обвинител може да го продолжи рокот за уште 3 месеци. Сите овие рокови се пробиени. Постапката трае веќе три ипол четири години и жртвата во овој случај, која навистина се соочува со сериозни последици од тоа што и се случило е ставена во една незавидна ситуација каде нема одговор за тоа што се случило и чека одговор од институциите кои не и го даваат зашто не се постапува доволно брзо, изјави за „Слободен печат“ Тона Карева, правна советничка во Хелсиншки комитет за човекови права која со предметот е запознаена уште од самиот почеток.

Целата изјава погледнете ја во продолжение:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот