ВИДЕО | Хаос во преполн трговски центар во Сиднеј: Изложен џип тргна во рикверц и влета во излог

Чудна сообраќајна несреќа во преполн трговски центар во Сиднеј/Фото: Скриншот

Необична сообраќајна несреќа се случи во шопинг мол во Сиднеј, Австралија при што две лица се повредени.

Според Гардијан, сè започнало кога на возачкото место на изложениот електричен џип седнал млад човек. Одеднаш автомобилот забрзал во рикверц и удрил во излог.

Две лица се повредени, 50-годишен маж во главата и 30-годишен во градниот кош, од сударот што се случил во саботата напладне, додека трговскиот центар бил полн со луѓе.

Извештаите покажуваат дека 14-годишно момче седело зад воланот на изложениот теренец и со него полицијата разговарала пред да биде пуштено да замине со семејството.

Погледнете го видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот