ВИДЕО | Гвинет Палтроу го победи пензионерот на суд, побара само 1 долар отштета

Актерката Гвинет Палтроу победи во судскиот спор против лекарот во пензија Тери Сандерсон, кој трвдеше дека се забила во него додека скијала. Поротата во Ута вчера утврди дека Палтроу не е одговорна за повредите со кои се здобил лекарот, на скијачката патека во луксузното одмаралиште Парк Сити, објави „Ројтерс“.
Тери Сандерсон, лекар во пензија, претрпел потрес на мозокот и четири скршени ребра во инцидентот кој се случил во 2016 година. За потсетување, тој тврдеше дека повредите довеле до трауматски повреди на мозокот и барал повеќе од 300.000 долари отштета од Палтроу.

Тој изјавил дека жената, за која подоцна дознал дека е Гвинет Палтроу, скијала без контрола и дека налетала на него одзади. Пријателот на Сандерсон сведочел дека видел како актерката се удрила во лекарот.
Палтроу, од друга страна, пак, изјавила дека таа не ја предизвикала несреќата и дека всушност Сандерсон ја удрил неа во грбот.

Поротниците во овој случај се договарале два часа откако ги сослушале доказите. Тие застанале на страна на актерката, прогласувајќи го Сандерсон виновен. Актерката за надомест барала симболичен еден долар отштета, одлука која судот ја одобрил.
„За себе сакам само еден долар, а нека се исплатат адвокатите“, изјавила Палтроу.

Актерката по судењето изјавила дека е задоволна со исходот.
„Се чувствувам дека овие лажни обвинувања го загрозија мојот интергитет. Задоволна сум со исходот и ја почитувам напорната работа на судијата Холмберг и поротниците и им благодарам на нивната внимателност во водењето на целиот случај“, изјавила Гвинет.

По излегувањето од судницата, Палтроу го допрела Сандерсон за рамото и нешто му шепнала. Тој подоцна на новинарите им открил дека му рекла:
„Ви посакувам секое добро“, и изјавил дека била многу љубезна.
Гвинет Палтроу повикана на суд: Актерката повредила пензионер при скијање
Гвинет Палтроу повикана на суд: Актерката повредила пензионер при скијање
ВИДЕО | „Се наби на мене и ми влезе меѓу нозете“: Вознемирувачко сведочење на Гвинет Палтроу на суд