ВИДЕО | „Се наби на мене и ми влезе меѓу нозете“: Вознемирувачко сведочење на Гвинет Палтроу на суд

Фото: Принтскрин/Јутјуб

На актерката Гвинет Палтроу ѝ се суди за несреќа на скијање што се случило во 2016 година.
Гвинет Палтроу ги шокираше и прилично ги збуни присутните во судницата во Јута, но и сите кои во живо го следеа судењето на интернет, кога вчера сведочеше дека за време на судирот на скијачката патека мислела дека некој се обидува да ја силува.


Пензионираниот оптичар Тери Сандерсон ја тужеше Палтроу за несреќата на скијање што се случи во февруари 2016 година во одморалиштето Дер вали во Јута, за што бара 300.000 долари отшета од актерката. Тој тврди дека таа се забила во него на патеката, поради што имал трајно оштетување на мозокот, четири скршени ребра и траума поради која паднал во депресија. По судирот и откако паднал, Сандерсон тврди дека Палтроу врескала на него и си заминала без да му помогне.

Актерката сведочеше вчера, а судењето се пренесуваше во живо, а нејзиното сведочење ги шокираше сите. Имено, Гвинет тврди дека Тери налетал на неа, а не обратно.

„Неговото тело ме притисна одзади, па буквално се смрзнав од страв. Со скиите ми влезе меѓу нозете и се наби на мене, па во еден момент помислив дека нешто перверзно и чудно се случува“, изјавила актерката.

Таа нагласила дека не го обвинува Сандерсон за сексуален напад, туку дека тогаш не и било сеедно бидејќи слушнала воздивнувања и стенкања.

„Мојот мозок само се обиде да поврзе што се случува зад мене“, тврдела Палтроу.

„Рековте дека маж се забил во вас. Како знаевте дека е маж?“, ја прашала адвокатката на Тери.

„Ја почувствував тежината на целото негово тело над мене, а звуците на стенкање што ги слушнав беа типично машки“, одговори Гвинет.

Таа се осврна и на обвинувањата на Сандерсон дека не му помогнала по несреќата и дека му викала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by USA TODAY (@usatoday)

„Не се сеќавам дали врескав, но бев бесна. Чувствував дека неговите скии ми ги раширија нозете. Некое време итавме по падината, а потоа паднавме“, тврди актерката.

Адвокатката на Сандерсон побарала од Гвинет да одглуми како нејзиниот клиент се набил на неа, но судијата ја отфрлил идејата.

Гвинет Палтроу повикана на суд: Актерката повредила пензионер при скијање

ФОТО+ВИДЕО | Гвинет Палтроу на суд: Прегазила лекар со скиите, тој бара милиони отштета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот