ВИДЕО | Грција веќе еден месец трага по исчезната тинејџерка: Што се знае за Лаура?
Лаура последен пат е видена на 8 јануари во близина на југозападниот град Патра. Според полициските сознанија, таа го продала својот телефон непосредно пред исчезнувањето за да не може да биде лоцирана
Грција веќе речиси еден месец трага по исчезната тинејџерка од Германија, која со своето семејство се преселила во земјата.
Препорачано
Станува збор за 16-годишната Лаура, за која најновите информации од грчката полиција укажуваат дека можеби отпатувала со авион во Германија уште првиот ден од нејзиното исчезнување, објави весникот „Катимерини“.
Лаура последен пат била видена на 8 јануари во близина на југозападниот град Патра. Според полициските сознанија, таа го продала својот телефон непосредно пред исчезнувањето за да не може да биде лоцирана. Со парите од продажбата, девојчето со такси отпатувало до Атина.
Полицијата утврдила и дека еден ден претходно тинејџерката ги избришала сите свои профили на социјалните мрежи.
Авиокомпанијата не одговара
Иако постојат индиции дека Лаура купила авионска карта и заминала за Германија, авиокомпанијата што ја издала картата сè уште не одговорила на барањата на грчката полиција, и покрај тоа што била информирана дека животот на девојчето може да биде загрозен.
„Ова е нешто што можеше да ни биде соопштено уште во првите часови“, изјави портпаролката на грчката полиција, Константија Димоглиду, осврнувајќи се на фактот дека тинејџерката купила карта и отпатувала истиот ден кога исчезнала.
Според неа, не постоела обвинителска наредба со која авиокомпанијата би била законски обврзана да достави информации бидејќи случајот формално не се води како кривично дело. Сепак, полицијата располагала со согласност од родителите за да побара податоци.
Димоглиду нагласи дека недостигот од соработка од авиокомпанијата не ја попречил истрагата, која уште од почеток ја разгледувала можноста дека Лаура заминала во странство, и покрај противречните сведочења дека била видена на различни локации низ Атина.
Таа потврди и дека германските власти се информирани за исчезнувањето, а родителите на девојчето активно учествуваат во потрагата.
Што се знае за исчезнувањето на Лаура?
Според полициските податоци, Лаура исчезнала во раните утрински часови на 8 јануари од подрачјето каде што живеела во Патра и веднаш пристигнала во Атина, што било потврдено преку видеоснимки анализирани во наредните два дена.
„Се чини дека купила авионска карта за лет во 17:30 часот кон град во Германија. Кога нејзините родители околу 20 часот пристигнале во полициската станица за да го пријават исчезнувањето, детето веќе било слетано во Германија“, изјави Димоглиду.
Сепак, таа ја остави отворена можноста дека девојчето можеби и не отпатувало во странство.
Иако во првите 24 часа немало официјална потврда за патувањето, грчката полиција преку Европол стапила во контакт со германските власти, бидејќи таму имало нејзин роднина. Германските служби одговориле дека Лаура не се наоѓа кај својот брат, но биле информирани дека доколку таа биде пронајдена на територијата на Германија, грчката полиција веднаш треба да биде известена.
Како што појасни Димоглиду, девојчето заминало од Омонија, преку конкретна туристичка агенција, се качило во автобус што превезува патници до меѓународниот аеродром и се претпоставува дека отпатувало оттаму, иако тоа сè уште не е официјално потврдено ниту од авиокомпанијата ниту од германските власти.
Во туристичката агенција, Лаура во готово платила нешто повеќе од 200 евра за авионска карта до Франкфурт. Безбедносните камери во агенцијата ја снимиле целата трансакција, со што биле потврдени и нејзиниот идентитет и крајната дестинација.
Βίντεο ντοκουμέντο έχει καταγράψει τη 16χρονη να αγοράζει αεροπορικό εισιτήριο για Γερμανία
ΠΗΓΗ: Live News#ingr #news #Λορα pic.twitter.com/SW7Y1haQkW
— in.gr/news (@in_gr) January 30, 2026
Зошто исчезна Лаура?
Причините за нејзиното исчезнување сè уште не се целосно разјаснети. Сепак, според сведоштво на нејзина пријателка, Лаура тешко се прилагодувала на животот во Грција по преселбата од Германија.
„Многупати ни кажувала дека промената од Германија во Грција ѝ била многу тешка, додека да запознае луѓе, да го научи јазикот, а на сето тоа се надоврзале и проблеми на училиште“, изјавила пријателката.
Дополнително, роднини на девојчето во Германија наводно навеле дека нејзиниот однос со таткото бил особено конфликтен, а постојат и наводи за негово насилничко однесување.
Токму тоа, според истите извори, било причината поради која Лаура привремено била сместена во установа во Германија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


