Илија Трајковски, крводарител/Фото: Слободен печат

ВИДЕО | Град Скопје ги награди своите херои – најдобриот крводарител, полицаец и пожарникар за 2021 година

Град Скопје додели признанија за најдобриот полициски службеник, пожарникар и крводарител во Скопје за 2021 година.

За своите заслуги во работењето, успехот и пожртвуваноста признанија добија: Петруш Ѓорѓиевски- пожарникар спасител во територијалната противпожарна единица на Град Скопје- Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје, Димитар Ристовски- полициски службеник во полициската станица за општа надлежност Кисела Вода- СВР Скопје и Илија Трајковски, крводарител кој до неговата 62 годишна возраст дарувал крв 113 пати.

-Дарувам крв уште од 18 годишна возраст. Дарував во средно училите, па потоа во војска. Хуманоста ми беше приоритет, изјави во Утрински брифинг крводарителот Илија Трајковски.

-Имам бенефит во прегледите, операциите. Не се плаќа ништо. Лековите си ги плаќам со партиципација. За заболекар не плаќаме, вели тој. Признанието ми е мотив да дарувам крв до 65 години, која е всушност и границата. Младите треба да даруваат крв и да помогнат, додава Трајковски.

-Признанието е титула која секој полициски службеник би сакал да ја добие. За мене претставува мотив повеќе да продолжам да ги завршувам работните задачи, професионално, уредно и да бидам достапен до граѓаните и да се грижам за нивната безбедност, изјави Утрински брифинг, Димитар Ристовски- полициски службеник во полициската станица за општа надлежност Кисела Вода- СВР Скопје

Пожарникарот Петруш Ѓорѓиевски, пак вели дека признанието после 28 години многу му значи.

-Големо е признанието. Со оглед на временските услови се соочивме со многу голлеми пожари. Интервенираме брзо и ефикасно на подрачјето на Град Скопје и на територијата на Македонија, вели Ѓорѓиевски.

Разговорите погледнете ги во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот