ВИДЕО: Голманот на Србија не дозволи соиграч да ѝ скандира „Ауфидерзен“ на Германија
Ракометарите на Србија во саботата вечер приредија големо изненадување на Европското првенство, откако во рамките на второто коло од првата фаза со 30-27 ја совладаа селекцијата на Германија.
Препорачано
Со оваа победа, Србија направи огромен чекор кон пласман во следната фаза од шампионатот, а посебно внимание привлече една интересна сцена за време на прославата по натпреварот. Имено, Вања Илиќ триумфот го прослави со скандирање на добро познатата фраза „Deutschland, auf Wiedersehen“ („Германија, збогум“), што не наиде на реакција кај неговиот соиграч, поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев.
На снимките јасно се гледа како Милосављев му сигнализира на Илиќ да престане со скандирањето, при што од неговите усни може да се прочита „немој“. Останува дилемата дали станува збор за знак на почит кон германската репрезентација, со оглед на тоа што Милосављев настапува во Германија, или пак од страв да не се „предизвика судбината“ во продолжението од турнирот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
42мин
-
43мин
-
50мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


