Несреќа на автопат во Србија / Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Голем карамбол на автопат во Србија: повеќе коли се забиле во камион, има повеќе повредени

На автопат во Србија утрово се случила тешка сообраќајна несреќа, во која учествувале голем број возила. Во несреќата има повеќе повредени.

Како што пренесуваат српските медиуми, несреќата се случила на делницата од автопатот „Милош Велики“ кај Лучан во правец на Пожега, кај тунелот Муњино брдо.

Како што може да се види од видеата од местото на несреќата, на овој дел од автопатот има целосен карамбол.

Неколку возила се удриле во влечното возило од различни страни. Еден автомобил „Ауди“ бил целосно смачкан под влечното возило, а оштетен е и друг бел автомобил.

Сообраќајот е во прекин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот