ВИДЕО: Ѓоковиќ со големо срце, љубов и прегратки за малиот Петар од Македонија!

фото:твитер

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека не само што е голем тенисер, туку и човек со големо срце.

Популарниот Ноле преку видео порака донесе љубов и насмевки кај Петар Мијалков, дете со аутизам од Македонија.

– Здраво Петре, Пецо, како си? Ти испраќам голем поздрав, еден голем бакнеж и прегратка од Белград. Се надевам дека исто така наскоро ќе се видиме во живо и се запознаеме. Те сакам многу и многу те гушкам. Чувај се – вели Ѓоковиќ во својата видео порака.

Таткото на Петар, Зоран Мијалков, кој воедно е основач на здружение за помош на децата со аутизам во Македонија, испрати голема благодарност за Ноле кој не само што е најдобриот тенисер, туку пред сѐ човек со голема душа и срце.

– Благодарам од срце и душа што помогна мојот син Петар да има среќни моменти и насмевки додека те гледа како играш – напиша таткото на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот