ВИДЕО | Гоца Тржан преживеала пекол: Мојот другар се обиде да ме силува

Гоца Тржан / Фото: Принтксрин, Јутјуб

Српската пејачка Гоца Тржан вечерва ќе гостува во емисијата „На терапија“ на познатата психијатарка Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

Според најавата на емисијата, но и според она што го пренесуваат српските медиуми, пејачката за првпат ќе проговори за сексуалното малтретирање кое го доживеала на 18-годишна возраст.

„Јас и мојот другар бевме многу блиски. Имав безрезервна доверба во него, а тој го искористи тоа. Ниту во сон не помислував дека некој би посакал да ми направи нешто лошо, а тој сакаше да ме натера да имаме секс. Молчев бидејќи сакав да го заборавам тој пекол. Не го пријавив затоа што се плашев дека околината ќе ме обвинува: ‘Што барала со него?’ Мислам дека и денес жртвите молчат од истите причини“, раскажува Тржан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Исто така, Тржан сподели и совети за тоа како треба да ги воспитуваме девојчињата, со цел да ги заштитиме од потенцијални непријатни искуства.

„Девојчињата треба да ги научиме дека треба да бидат опкружени со мажи на кои можат да им речат ‘не’ и да бидат сигурни дека тој некој ќе ги послуша. Кога влегуваат во врска, треба да обрнуваат внимание на тоа како човекот се однесува кон луѓето во своето опкружување, во сообраќајот…“, вели таа.

Гоца Тржан по неуспешното ин витро: Немам право да го држам Раша покрај себе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот