Гоца Тржан по неуспешното ин витро: Немам право да го држам Раша покрај себе

Гоца Тржан и Радомир Новаковиќ
Гоца Тржан и Радомир Новаковиќ / Фото: Инстаграм, Гоца Тржан

Пејачката Гоца Тржан и актерот Радомир Новаковиќ стапија во брак пред седум години, но досега не успеаја заеднички да се реализираат како родители. Низ годините, пејачката се обидуваше да остане бремена повеќе пати, а нејзиниот сопруг ѝ беше најголема поддршка во тешките моменти.

Неодамна, Тржан гостуваше во емисијата „Ми данас“ на српската телевизија К1, каде отворено зборуваше за долгогодишната борба за заедничко потомство со нејзиниот сопруг.

„Мислам дека паровите кои навистина сакаат дете и кои се обидуваат да имаат деца, а не можат да ги имаат, чувствуваат болка до крајот на животот. Тешко е да се помират со тоа и воошто не сум сигурна дали им е потешко на жените или на мажите.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

„Морав да бидам подготвена на тоа дека, како жена која е 14 години постара од него, еден ден ќе ми каже: ‘Слушај, јас сакам да имам дете сега, а ти веќе ја премина возрасната граница кога физиолошки не можеш да родиш’. Јас немам право да го задржувам тој човек покрај себе, а не го задржувам ни сега“, вели пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Поп-ѕвездата истакна дека целата ситуација уште повеќе ги зближила и ја зајакнала нивната љубов.

„Тој е моја, а јас сум негова поддршка. Знаете, кога ќе се случи ин витро оплодување и кога ќе се случи неуспех во тој процес, тој секогаш ми вели дека му е многу тешко затоа што не може да понесе ниту еден дел од мојот товар. Се зависи од жените. Жените добиваат стимулација, жените поминуваат низ хормонални бури… Ментално е многу тешко. Хемијата и биохемијата функционираат така што сте толку напнати… Тоа е ПМС помножен со 100! И тоа трае, на пример, од почетокот на стимулацијата до почетокот на зачнувањето или до моментот кога ќе дознаете дека не сте бремени“, сподели Тржан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот