ВИДЕО | Георгиев: Барањата на Бугарија се апсолутно неприфатливи за Македонците

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Несомнено, политичката ситуација ќе има влијание на работата на Заедничката историска комисија, но, и покрај тоа, убеден сум дека таа треба да продолжи. Работите можат да се случат само преку дијалог, преку разговори“, изјави во интервју за „Слободна зона“ на телевизија ʺЕвропа“ копретседателот од страна на Република Северна Македонија професор Драги Георгиев.

Тој прецизираше дека средбата ќе биде онлајн поради пандемијата.

„По ветото од страна на Бугарија, се интензивираа негативните коментари кон неа. Веќе има притисок врз комисијата да се прекинат разгововорите. Општеството е разочарано и бесно поради оваа постапка на Бугарија. Политички нема таков притисок, но од медиумите и општеството е навистина голем. Тоа се чувствува, но како што реков, јас сум за продолжување на нашата работа “, додаде тој.

Професорот Георгиев објасни дека притисокот не е насочен само кон прекинување на работата на Комисијата.

Барањата на Бугарија се апсолутно неприфатливи за Македонците. Освен тоа, радикалите се обидуваат да ја зголемат недовербата кон Бугарија, тоа ќе се одрази на членовите на македонската страна на комисијата. Во овој момент, ќе биде многу тешко да се постигне согласност, во таквата атмосфера ќе биде тешко да се разговара“, коментираше тој, визирајќи на убедувањата на македонските историчари.

Заев: Не сме далеку од договор со Бугарија!

Терминот ʺзаедничка историја“ е нешто за кое ние со бугарските колеги не сме согласни во толкувањето. Според нив, историјата до 1944 година се однесува само на еден народ – бугарскиот. Тоа за нас целосно неприфатливо. Формирањето на македонската нација започнала и пред тој датум. Не можеме да кажеме дека до 1944 година историјата е само на бугарскиот народ, ние исто така имаме своја историја, свои личности, култура што ни дозволува да ги бараме своите корени. Јас исто така не сум согласен со тоа“, изјави тој.

Професор Георгиев повика историскиот спор да не влијае на политичките односи меѓу двете земји.

„Нашата историја е силно испреплетена, имаме многу заедничко и затоа барањето да се прифати само еден расказ, само една вистина, е неприфатливо“, рече тој.

Бугарскиот министер Георгиев: Ако Скопје не ги почитува партнерите, тешкотиите ќе се множат!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот