ВИДЕО | Генијален маркетинг: Откриена причината зошто Снуп Дог изјави дека се откажува од пушење марихуана

Пред неколку дена раперот Снуп Дог ги изненади своите обожаватели објавувајќи на својот инстаграм-профил дека „се откажува од пушењето“.
Многумина претпоставуваа дека тоа значи дека ќе се откаже од пушењето марихуана, но Снуп всушност си поигра со зборовите и сега на својот профил на ТикТок откри дека сето тоа е маркетинг кампања.
Во видеото тој повторува дека „се откажува од чадот“, но продолжува да објаснува за новиот производ (печка која не испушта чад), кој го нуди брендот „Соло стоув“.
„Знам што мислиш. Снуп, чадот е твојата работа! Но, ми се гади од тоа, ми се гади од кашлање и кога ми мириса облеката“, вели тој додека ја претставува Соло-печката.
„Го отстранија чадот, паметно“, заклучува тој. И на крајот се гледа како пече бел слез пред метално огниште, без чад.
Компанијата „Соло стоув“ (Solo Stove) објави ограничено издание на оваа „огнена јама“ наречена „Снуп стоув“, опишувајќи ја како „доволно жешка за Снуп да се откаже од чадот“. Производот чини 299,99 евра.
Инаку, пушењето марихуана е дел од имиџот на 52-годишниот рапер, кој отворено зборува за својата љубов кон марихуаната.
@snoopdogg I’m done with smoke. I’m going smokeless with @Solo Stove. #ad ♬ original sound – Snoop Dogg
ВИДЕО | Снуп Дог вработил девојка да му витка џоинти, треба да му прави по 150 цигари дневно