ВИДЕО | Гаф на либанскиот премиер: Не ја препозна Мелони, ја бакна нејзината секретарка

Италијанската премиерка Џорџа Мелони со либанскиот премиер/Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Либанскиот премиер Наџиб Микати не ја призна својата италијанска колешка Џорџа Мелони. При пречекот на Мелони и нејзиниот тим на аеродромот во Бејрут, премиерот на Либан се ракуваше со секретарката на Мелони, Патриша Скурти.

Скурти, која е десна рака на премиерката, прва се симна по скалите и Микати ја бакна. Топло ја прегрна и почна да ја поздравува со „Добре дојдовте“, убеден дека пред него е Мелони.

Збунета од киксот, секретарката, која поради фризурата личи на шефицата, се оддалечи од црвениот тепих каде се пречекуваат државните личности. Откако бил информиран за својата грешка, либанскиот премиер повторно се вратил на скалите за да се сретне со вистинскиот премиер на Италија. Потоа ја прегрна и ја бакна и Мелони.

Сето тоа го снимија либанските медиуми кои го споделија на социјалните мрежи. Сепак, тој не беше објавен на италијанската телевизија РАИ. Критичарите на Џорџија Мелони веднаш реагираа иронично на ситуацијата, бидејќи премиерката постојано се фали со своите меѓународни успеси.

Џорџа Мелони отиде во Бејрут да го посети италијанскиот контингент на мировните сили на ОН во Либан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот